Новата влада ќе формира центар за учество во НАТО набавките


Покрај безбедностите придобивки за земјава, новата влада сака да го искористи членството во НАТО и за отворање конкретни економски можности за домашните компании. За таа цел во експозето пред пратениците мандатарот за премиер, Зоран Заев, најави отворање посебен центар за поддршка на македонските фирми.

„Покрај безбедносните следува и период на економски придобивки од нашето членство во нНАТО. Ќе формираме центар за поддршка на нашите компании за учество во НАТО набавките со цел уште во првата година од нашето членство во НАТО да обезбедиме целосна комуникација помеѓу нашите комори и релевантните НАТО агенции“, рече Заев.

Тој додаде дека новата влада ќе ги охрабрува домашните компании да се натпреваруваат на пазарот на НАТО кој тежи 4 милијарди евра годишно.