Новата рударска еволуцијата ќе го минимизира влијанието врз животната средина


 

Новиот рударски бум во светот е започнат и поттикнат од потребата за справување со климатските промени и од побарувачката за обновливи извори на енергија. Паралелно со напливот на новите потрошувачки трендови за ретки руди, рударството директно се справи и со неопходноста да ја имплементира одржливоста во сопствената индустрија како одговор на климатските цели кои ги поставија државите.

Како македонското рударство се вклопува во оваа глобална слика, одржувајќи ја и носечката улога за економски раст во државата?

На годинешнава 15. Меѓународна конференција од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини ПОДЕКС– ПОВЕКС 2024, во организација на Здружението на рударски и геолошки инженери, се бараше одговорот кои се најновите технологии при експлоатација на рудите. Позицијата на најголемите претставници и експерти од рударската индустрија е дека домашните инвеститори се вклопуваат во трендовите за современо рударство.

Потребата и современите можности за рекултивација на деградираните подрачја со помош на геокомпозитни материјали беше тема на која говореше Андреас Пост од Германија.

„Како да се обезбедат високи приноси на руда, а да се избегне штетата врз животната средина, врз здравјето на луѓето и да се намали емисијата на стакленички гасови. Напредните геосинтетички решенија придонесуваат да се постигнат овие цели, помагајќи на модерното рударство да се максимизира безбедноста и одржливоста во индустријата“, вели Пост, кој е претставник на германскиот производител на геосинтетички материјали Naue, за чии производи на нашиот пазар ексклузивен застапник е македонската фирма Хидропревент.

Дека станува збор за производител чии решенија во фокусот ја имаат иднината на планетата, говори и примената на бројни иновации.

„Рударството се осовременува и последните години имплементира број иновации кои овозможуваат одржливост и оправданост да остане еден од двигателите на економскиот развој во државата. Во производството на геосинтетичките материјали се применуваат иновации со кои обезбедуваме рударските компании да го намалат отисокот врз животната средина и да ја унапредат одржливоста во сопствената индустрија. Годинава повторно имаме можност, пред најголемите рударски компании во земјава, да ги претставиме најсовремените можности и решенија кои ги исполнуваат најстрогите европски стандарди во индустријата“, објасни Никола Стојковски од „Хидропревент“.

За реализација на рударството на еколошки начин говореа и претставниците на Научниот одбор на Здружението за рударски и геолошки инженери, посочувајќи дека еволуцијата во оваа индустриска гранка е во насока да придонесе за постигнување на климатските цели, имајќи ја во фокусот благосостојбата на заедницата.

За индустријата да чекори кон поодговорна иднина потребни се примена на обновливи извори на енергија, на напредните техники за почисто производство и на новите можности за работа во управување со животната средина, односно намалување на емисиите на СО2. Ова е важно затоа што рударството на минерали и метали е еден од условите за иден развој и на изворите за обновлива енергија и редукција на стакленичките гасови.