Новак Ѓоковиќ ги поддржа студентите: „Со вас сум“
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи по повод протестите и блокадите на студентите и учениците низ Србија.
„Како некој кој длабоко верува во силата на младите и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно нивниот глас да се слушне. Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила. Она што ни треба на сите е разбирање и почит. Со вас, Новак – напиша Ѓоковиќ на својот Икс профил.
Претходно денеска на социјалните мрежи се појави слика од специјален транспарент посветен на Ѓоковиќ.
„Новаче, студентите направија брејк. Сервирај за победа“ – пишува на транспарентот, покрај кој е книгата на Новак со наслов „Сервирај за победа“.