Нова сообраќајка кај зградата на ЕУ: Возило „се качи“ на столпчињата на булеварот


Нова сообраќајна несреќа се случи претпладнево на булеварот кај Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во центарот на Скопје, јавуваат повеќе медиуми.

Во сообраќајката учествуваше автомобил со скопски регистрации кој буквално „се качи“ на заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ во земјава.

Жена со автомобил се заби во Канцеларијата на ЕУ