Жена со автомобил се заби во Канцеларијата на ЕУ


Жена влета во Канцеларијата на Европската унија во Скопје, објави Сител. Инцидентот се случил вчера рано наутро околу четири часот. Жената од засега необјаснети причини влетала и го скршила стаклото на Канцеларијата.

Таа ги поминала барикадите и стигнала до зградата во која е сместена Канцеларијата на ЕУ.

Инцидентот се случил околу 4 часот исутрината во неделата.

И утрово пред Канцеларијата на ЕУ имаше полициска лента. Возилото беше однесено, но скршените стакла уште стојат.