Нова дојава за поставена бомба во загрепска гимназија, евакуирани ученици!
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/zagreb-bomba-gimnazija-policija.jpg)
Една загрепска гимназија, утрово повторно добила закани за поставена бомба, а по пријавата веднаш на местото на настанот излегле полициски сили.
По дојавите за поставени експлозивни направи во 100 средни училишта низ Хрватска минатиот четврток, утрово ваква вест стигна од загрепското стручно училиште за лични услуги на улицата „Савска“.
– Можеме да потврдиме дека по електронска порака која пристигна на адресата на образовната установа, истата е евакуирана и учениците се безбедни. Полициски службеници веднаш се испратени на местото на настанот и ги спроведуваат сите неопходни превентивни дејствија. Потенцираме дека нема опасност за студентите и бараме да не се шири паника – изјавија од загрепската полиција за „Јутарњи3.