Нов вид измама во регионот: Ало, имате добивка


Бидете сомничави на повиците и пораките од непознати лица кои ве известуваат дека сте победиле, или сте добиле нешто, предупредува полицијата во Хрватска.

По упорното предупредување и повикување на претпазливост при тргување со криптовалути и воопшто тргување на Интернет, полицијата испрати ново предупредување за измама, пишува Дневник.хр.

Имено, 61-годишна жена од околината на Вуковар „паднала“ на измама и изгубила неколку стотици евра, а сето тоа затоа што на телефонски повик поверувала дека профитирала од тргување со криптовалути.

Како што информираа од полицијата, на 61-годишната жена телефонски и се јавил непозно лице и ѝ рекол дека профитирала тргувајќи со криптовалути, а потоа со измама ѝ рекол да и инсталира апликација на телефонот за да ја добие добивката, но всушност таа преку апликацијата преку далечински компјутер пристапиле до нејзиното интернет банкарство и сметка и во два наврати сторителот подигнал неколку стотици евра од нејзината сметка.

Полицијата води кривична истрага, а против сторителот до надлежниот државен правобранител ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело компјутерска измама.

Но, велат и дека треба да бидете внимателни со какви било повици или контакти од непознати лица, особено ако разговорот допира до пари.