Нов трејлер за „Маестро“: Погледнете го Бредли Купер како остарениот Бернштајн
Објавен е нов трејлер за филмот „Маестро“ во кој глумат Бредли Купер и Кели Малиган
Нетфликс објави нов трејлер за филмот „Маестро“, во кој Бредли Купер го толкува Леонард Беренштајн и Кери Малиган како неговата сопруга Фелисија Монтеалегре. Новиот трејлер го прикажува Бернштајн како постар маж додека се сеќава на неговата врска со Фелисија и нејзиниот совет како да и пристапи на музиката. Потоа, трејлерот прикажува црно-бели моменти каде што можеме да видиме како Бернштајн и Монтеалегре се запознаваат и се вљубуваат, неговото патување да стане светски познат диригент и сфаќањето на Фелисија дека Леонард живее двоен живот.

Филмот ја прикажува романсата на двојката која траела од 1951 година до нејзината смрт во 1978 година. Официјалната најава на филмот го опишува „Маестро“ како бестрашна љубовна приказна која обединува доживотна врска помеѓу Леонард Бернштајн и Фелисија Монтеалегре.
Покрај Купер и Малиган, во филмот играат и Мет Бомер, Маја Хоук, Сара Силверман, Џош Хамилтон, Скот Елис и други. Филмот е втор проект на Купер како писател и режисер по блокбастерот „A Star Is Born“ од 2018 година, кој доби осум номинации на Оскарите во 2019 година и освои една за најдобра песна, „Shallow“. Во реализацијата на проектот на Бредли му помогнаа големи филмски имиња како Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг. Во текот на изминатите неколку години, Купер тесно соработуваше со децата на Бернштајн за да го оживеат нивниот татко на големото платно.