Нов судир меѓу Ерменија и Азербејџан, има жртви – се вмеша Русија
Три ерменски војници загинаа во размена на оган со азербејџанските сили, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија.
На Твитер објавија дека дошло до судир со воените сили на Азербејџан.
Единиците на вооружените сили на Азербејџан, кои ги нападнаа ерменските позиции, отфрелни се назад на почетната позиција, претрпувајќи губитоци, а судирот продолжува“, соопшти министерството.
Ерменија и Азербејџа лани се судрија околу Нагорно Карабах, а борбите траеја шест недели.
Спогодбата, со која се заврши војната, потпишана е во ноември меѓу премиерот на Ерменија, претседателот на Азербејџан и претседателот на Русија.
Корените на судирот на Ерменија и Азербејџан околу Нагорно Карабах датираат од пред речиси 100 години наназад кога советските власти одлучија таа спорна област да се приклучи на тогашната ССР Азербејџан. Областа формално е во рамките на територијата на Азербејџан, но Ерменците се мнозински народ и има контрола над таа област.
Се вмеша Русија
Азербејџан го прифати предлогот на Русија за прекин на огнот на границата со Ерменија, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на републиката.
„Ја прифативме иницијативата на руската страна, да се објави прекин на огнот на ерменско-азербејџанската граница од 10 часот“, се наведува во соопштението.
Во исто време, според податоците на војската, ерменската војска продолжува да гранатира позиции на азербејџанската војска , користејќи тенкови и минофрлачи.