Нов рекорд во Полска, 28.380 новозаразени
Во изминатите 24 часа полска регистрира рекордни 28.380 нови случаи на инфекција со корона вирус, што претставува 17 отсто во однос на бројот случаи пред една недела.
Забележани се и 460 смртни случаи во последното деноноќие, а Полска бележи постепен раст на случаите со корона вирус и хоспитализациите.
Од почетокот на пандемијата, земјата регистрира повеќе од 3,4 милиони новозаразени и 81.688 смртни случаи од последиците од Ковид-19.
Најголем пораст на стапката на смртност е забележан во источните региони на земјата, која бележи и најниски стапки на вакцинација. Како што наведува Би-би-си, во полска во потполност се вакцинирани 64 отато од возрасните што е под просекот на ЕУ.