Нов масакр во САД: Девет убиени во Дејтон


Само 24 часа по масакрот во Тексас, кога беа убиени најмалку 20 лица, САД се потресени од ново злосторство. Девет лица се убиени, а 16 повредени во ново пукање во Дејтон, Охајо. Според непотврдени информации, напаѓачот, кој го извршил нападот со пушка, е неутрализиран.

Вчера, во трговски центар на „Волмарт“, во Тексас се случи незапамтиво злосторство, кога вооружен маж пукаше во сѐ пред себе, наводно, поради омраза кон хиспано – американците.