Ноле по три часа игра обезбеди осминафинале на Вимблдон
Лондон – Еден од најдобрите тенисери низ историјата, Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако го победи Французинот Артур Ридеркнех во четири сета.
Ѓоковиќ стигна до најдобрите 16 по три часа и 15 минути игра со резултат 7:5, 6:4, 1:6, 7:6(4).
Првите два сета траеја по 50 минути. Во првиот видовме три брејка, два во корист на Новак, а Ѓоковиќ го доби првиот сет во своја корист со резултат 7:5. Ѓоковиќ го направи единствениот брејк во вториот сет, водејќи со 2:0 со резултат 6:4.
На самиот почеток од третиот сет, Риндеркнех направи два брејка во првите 20 минути и водеше со 5:0, а Ѓоковиќ успеа да освои еден гем, а Французинот го доби третиот сет со резултат од 6:1.
Во четвртиот сет не беше забележан брејк, а се беше решено во тај-брејк во кој Ѓоковиќ беше поуспешен, добивајќи го мечот со резултат 3:1.
Ѓоковиќ во третото коло ќе игра против Роман Сафиулин, кој го победи Жоао Фонсека со 3:0 во сетови.