Ноќ на вештерките во Белата куќа: Меланија Трамп како Џеки О.
САД- Првата дама на САД Меланија Трамп , за Ноќта на вештерките со стилот потсеќаше на експрвата дама и стилска икона Џеки О, пишуваат американските весници.
Со капут во есенски тонови, од кожен пачворк на американскиот дизајнер Мајкл Корс од 6 илјада долари, и салонки на Маноло Бланик, Меланија испиша уште една успешна модна страница.
Како што е традиција, Првата дама и Претседателот на САД пречекаа мали гости пред Белата куќа, која беше декорирана со тикви за популарниот празник.
Со сопругот Доналд Трамп, им делеа слатки изненадувања на маскирани дечиња по повод Халовин.