„Нокаут“ со концерт на 9 мај во СЦ Јане Сандански
По 30 години постоење на македонската естрада, еден од најголемите македонски бендови „Нокаут“ ќе одржи концерт на 9 мај , во 21 часот во СЦ Јане Сандански.
Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..
Бендот најавува аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум.
Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од среда, 18 февруари на www.wayin.mk