Ноел Галагер од „Оејзис“ се разведува по 22 години барк
Англија- Ѕвездата на некогашниот бенд Oasis, Ноел Галагер, се разведува од сопругата Сара Мекдоналд по 22 години брак.
55-годишниот музичар и 51-годишната музичка публицистка имаат двајца синови.
Тие се запознале во 2000 година, а се венчале во 2011 година. Сега наводно пејачот веќе се иселил од нивната семејна куќа во Хемпшир и живее во Лондон, а синовите Донован (15) и Сони (12) и натаму им се приоритет. Галагер има и постара ќерка Анаис (22) со поранешната сопруга Мег Метјус.