Нобеловата награда за мир ја доби Агенцијата за храна на ОН
Агенцијата за храна на Обединетите нации, светската програма за храна (WFP) е добитник на овогодинешната Нобелова награда за мир, соопшти Комитетот.
Наградата вредна 1,1 милиони долари, добитникот ќе ја прими на 10 декември во Осло.
Оваа година во трка за оваа престижна награда беа 318 кандидати, од кои 211 поединци и 108 организации.
-Ова е момент на гордост за Светската програма за храна (СФП), изјави Томсон Фири, портпарол на агенцијата на ОН, откако организацијата беше прогласена за добитник на Нобеловата награда за мир во 2020 година.
„Оваа година ние ги надминавме повиците да одговориме на обврските“, бидејќи СФП ја одржуваше меѓународната помош и покрај пандемиските карантини и транспорни блокади, изјави Фири на брифинг со новинарите во Женева, пренесе ДПА.