Њујоршката полиција се откажа од роботскиот пес
Њујоршката полиција се откажа од експерименталната употреба на роботскиот пес кој го произведе компанијата „Бостон динамикс“.
Причината за тоа се критиките кои следеа кога полицијата го презеде песот.
„ДОговорот е поништен и роботскиот пес ќе биде вратен. Тој е жртва на политиката, неинформираноста и евтините загризи. Луѓето најдоа начин да го направат зол“, изјави заменик-комесарот на љујоршката полиција Џон Милер.
Полицијата почна да го користи роботското куче под назив „Дигидог“ минатата година.
„Роботското куче ќе спасува животи, ќе ги штити луѓето и полицијата. Тоа е нашата цел“, рече порано во интервју Френк Дигиакомо од њујоршката полиција.
Роботот е користен повеќе пати, главно како камера во потенцијално опасни ситуации.
Но, многумина сметаа дека „Дигидог“ е симбол на растрошеноста и се поагресивната тактика во полицијата.
Членот на градскиот совет Бен Калос предложи на полицијата да ѝ се забрани поседување и вооружување на роботот. Сепак, роботскиот пес кој неговиот произведувач го нарекува „Спот“ никогаш не бил воорушен, а тоа во секој случај би ги прекршило правилата за користење кои ги одреди комапнијата.
Околу 500 роботи досега се продадени или се изнајмуаат, а се користат во комерцијални и индустриски окружувања, но привлекуваат се повеќе внимание на властите и војската.
Француската војска нешто порано го тестираше роботското куче во текот на борбени вежби и тоа без знаење на „Бостон роботикс“.