Њујорк тајмс: Контролната кула за воздушниот сообраќај на Реган наводно била недоволно екипирана


Њујорк – Персоналот во кулата за контрола на летање на националниот аеродром Реган во Вашингтон „не бил доволно екипиран“ во моментот на несреќата што се случи меѓу патнички авион и армиски хеликоптер, објавија американски медиуми.

Персоналот „не функционирал во нормални услови во времето од денот и обемот на сообраќај“, се вели во внатрешниот прелиминарен извештај за безбедноста на Федералната управа за воздухопловство за судирот, објави Њујорк Тајмс.

„Контролорот кој управувал со хеликоптери во близина на аеродромот во средата навечер, исто така им давал инструкции на авионите што слетуваа и заминуваа од пистите“, се вели во извештајот.

„Тие работни места обично се доделуваат на двајца контролори, наместо на еден“.

Националниот одбор за безбедност на транспортот соопшти дека нема да шпекулира додека истрагата не заврши, рече членот на одборот за безбедност на НТСБ, Тод Инман на брифинг.