Николоски во Брисел се сретна со Вархеи
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во својство на известител на Парламентарното собрание на Советот на Европа за изборите во Босна и Херцеговина. Во истото својство се сретнал и со директорката на Одделот за проширување за Западен Балкан, Валентина Суперти.
По средбите Николски изјави:
„На двете средби разговараме за можноста регионот да се доближи до ЕУ. Особено тоа го правам како известител за Босна и Херцеговина во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Но, исто така зборуваме и за перспективите на Македонија во рамки на ЕУ.
Местото на целиот регион е во ЕУ. Местото на Македонија е во ЕУ.
И после 8 мај по победата на парламентарните избори заеднички ќе работиме ден поскоро, час поскоро Македонија да стане член на ЕУ“.