Николоски: Кредитот за АД „Пошта“ е лихварски, одново ќе го преговарам


Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска пред медиумите рече дека една македонска деловна банка се однесувала како лихвар кон АД „Пошта“.

–  Македонска пошта во моментов има отворен кредит кон една банка. Не ја кажувам банката – не затоа што е некоја тајна, туку затоа што има таков договор потпишано. Тој кредит, според мене е лихварски. Тоа, моите претходници само го оставале. Јас ќе седнам со раководството на „Пошта“ за тоа да го репреговараме,зошто не може да е така. На тој начин се уништува претпријатието, рече Николоски.

Министерот додаде дека „Пошта“ и „Македонски железници Транспорт“ се јавните претпријатија кои се заглавени во големи финансиски проблеми, но дека од следната година очекува тоа да се стабилизира и да работат без државни интервенции, а вработените да добиваат редовно плата.