Никол Кидман на Мет Гала во фустан од рекламата за парфемот „Шанел 5“ 


Њујорк– Оскаровката и модна икона Никол Кидман му оддаде почит на легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд со розевиот фустан што го носеше во рекламата за легендарниот парфем „Шанел 5“ кој ја режираше славниот режисер Баз Лурман, кој синоќа, се обедини со Кидман на најпрестижниот црвен килим во светот – на Мет Гала. 

Во една од сцените на рекламата, Никол седи на џиновското лого на Шанел – облечена во фустанот, природно.

Ако размислувате: „Еј, таа реклама многу личи на „Мулен Руж!“ тоа е затоа што Лурман го режираше овој филм , со Никол, во главната улога.