Никогаш нема да погодите! Луѓето од оваа професија се најголеми љубовници


Една неодамнешна студија покажа дека луѓето со овие професии водат љубов најмногу…

Неодамнешното истражување покажа колку навиките, стилот и начинот на живот, па дури и работата, можат да влијаат на други аспекти, како што се интимните односи.

Британско истражување на компанијата „Лел“, производител на сексуални играчки, покажа дека луѓето со одредени занимања имаат повозбудлив љубовен живот од другите. Најголемо изненадување беа земјоделците кои убедливо го освоија првото место. Тоа го покажува и истата анкета, поточно 33 отсто од земјоделците изјавиле дека имаат интимни односи најмалку еднаш неделно.

Понатаму, архитектите се на второ место со 21 отсто, додека фризерите го зазедоа третото место со 17 отсто. Четвртото место по зачестеност на водење љубов им припадна на луѓето кои се занимаваат со маркетинг, додека адвокатите и наставниците се на петто место.

Истражувачите открија уште неколку интересни факти во ова истражување – машките и женските новинари водат љубов во просек еднаш месечно, додека машките и женските адвокати тешко се задоволуваат во спалната соба. Исто така, оваа втора професионална група исто така признала дека глуми оргазам во 27 проценти од случаите.