Никогаш не е доцна: Карло Анчелоти на 64 години се стекна со највисоко ниво на образование


Трофејниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (64) вчера доби почесен докторат на Универзитетот во Парма, па отсега неговото име и презиме ќе го носат префиксот „доктор“.

Му беше доделена титулата почесен магистер на науки и техника на превентивна и адаптирана моторна дејност.

Легендарниот италијански тренер дипломираше на престижниот Универзитет за медицина и хирургија, а на церемонијата одржа говор со наслов „Фудбал, начин на живот“.

Анчелоти ја доби наградата со поранешните менаџери на Милан, Ариго Саки и Арид Браидо.
“Некои ќе речат дека ова го положив за само три испити. Вистината е дека положив уште многу и дека на секои три дена полагам повеќе испити. Ќе им кажам на моите играчи дека можат да ме викаат доктор. Фудбалот е голема страст за мене и никогаш не сум го сметал за обврска или работа. Ако нема страст, не можеш да дадеш 100 проценти од себе“, рече Анчелоти во својот говор.

Големиот Дон Карло доби овации од публиката додека им се заблагодари на семејството и пријателите.

Непотребно е да се трошат зборови за неговите тренерски достигнувања, а се издвојуваат дури четири трофеи во Лигата на шампионите.

Едно е сигурно, ѕвездите на Реал Мадрид ќе мора да почнат да го нарекуваат „доктор“ наместо „шефе“ на тренинзите.