Ник Кејв изгуби уште еден син

САД– Фронтменот на Bad Seeds, Ник Кејв, потврди во изјава за NME дека неговиот 31-годишен син Џетро починал овој викенд.
„Со тага потврдувам дека мојот син Џетро почина. Ќе бидеме благодарни ако ја почитувате нашата приватност во овие моменти“, изјави Кејв за NME.
Во 2015 година, Кејв изгуби уште еден син, тогаш 15-годишниот Артур, кој падна од карпа во Брајтон.
Џетро е роден во Мелбурн во 1991 година и дури на осум години дознал дека Кејв му е татко. Беше модел, актер, а работеше и како фотограф. Минатиот месец тој заврши во затвор поради напад на мајка му Бо Лезенби, а според извештаите на локалните медиуми, на Џетро му била дијагностицирана шизофренија.
Ник Кејв има уште два сина, Ерл (21) од бракот со Сузи Бик и Лук (30) од бракот со Вивиан Карнеиро.