Ни националистите не го поддржуваат ГЕРБ за 24 мај како национален празник
Националистичката политичка партија во Бугарија „Преродба“ го отфрла предлогот на партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, денот на словенските просветители Кирил и Методиј да стане национален ден во Бугарија. Преставникот на партијата Костадин Костадинов објасни зошто би го отфрлиле овој предлог.
„Ние сме категорично против тоа, бидејќи ова е стара, прегреана идеја која периодично се појавува. Без 3 март – денот на слободата, немаше кој да ги слави денот на буквите и бугарското писмо и култура. Затоа не гледам причина да се направи тоа, освен уште еднаш да се загрејат старите русофобни чорби“, рекол Костадинов.