Невреме во Пехчево – откорнато најстарото дрво

Силно невреме го зафати Пехчево и околината попладнево. На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од голема штета која истото ја предизвикало. Откорнати дрвја и покриви, а се уште дува силен ветар.
Од јачината на ветрот, како што информираат жителите, откорнат е стариот чемпрес, додека паднати дрвја има и во дворот на старата амбуланта во Пехчево.
Ветрот оштетил и неколку автомобили како и неколку гаражи, шупи и други импровизирани дрвени објекти во дворовите на луѓето.
На одредени места во близина на куќи забележани се паднати тополови и ореови дрвја.
Невремето го зафати и селото Црник, каде граѓаните велат дека има неколку откорнати покриви.
Од УХМР за Скопје 1 информираат дека за овој регион имало и најава за засилен ветар.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2868799803215055&set=a.565934886834903&type=3