Неверојатната игра на Меси. Тој постави четири нови рекорди, потврдени се и од Гинис


Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, продолжува да пишува историја на Светското првенство. Во победата на бранителот на титулата од 2-0 над Австрија во групната фаза од натпреварувањето, Меси ги постигна двата гола и со тоа постави четири нови рекорди, кои беа потврдени и од Гинисовата книга на рекорди.

Аргентина ја обезбеди победата на натпреварот одигран во Северна Америка, а Меси повторно беше централна фигура во нападот, и покрај тоа што промаши пенал претходно во натпреварот.

Во соопштението објавено во понеделник, Гинисовата книга на рекорди ги наведе достигнувањата на Меси: со вкупно 18 гола, тој стана најдобар стрелец во историјата на светските фудбалски првенства, одигра најмногу натпревари (28), постигна најмногу победи (18) и помина најмногу минути на теренот на мундијалите – вкупно 2489. „Сведоци сме на историјата“, кратко соопшти Гинис во врска со најновите достигнувања на Меси.

Со два гола, Меси го надмина Германецот Мирослав Клосе, кој претходно го држеше рекордот со 16 гола на Светските првенства, на листата на стрелци на сите времиња. 38-годишникот, кој игра на своето шесто Светско првенство, продолжува да го редефинира концептот на долговечност во врвниот меѓународен фудбал. Да потсетиме дека дебитираше на светската сцена во 2006 година.