Нетанјаху пречекан во ОН со свирежи и бојкот (ВИДЕО)


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отвори 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера што ретко се гледа. Штом зачекори кон говорницата, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа.

Иако израелските дипломати и дел од публиката се обидуваа да го прикријат тоа со гласно ракоплескање и стоење, празните места беа јасно видливи. Службениците на ОН постојано повикуваа на ред поради метежот што настана во салата, а од галеријата се слушаа извици на незадоволство и свирежи. Американската делегација остана на своите места, додека палестинската мисија претходно ги повика државите координирано да ја напуштат седницата штом Нетанјаху почне да зборува.

Како и во минатото, Нетанјаху држеше визуелно помагало – мапа на регионот насловена како „ПРОКЛЕТСТВОТО“. Тој ја обележа со голем маркер.

Нетанјаху се соочува со меѓународна изолација, обвинувања за воени злосторства и растечки притисок да го прекине конфликтот што тој продолжи да го ескалира. Говорот во петокот беше негова шанса да возврати на најголемата платформа на меѓународната заедница.Во последните денови, Австралија, Канада, Франција, Обединетото Кралство и други го објавија своето признавање на независна палестинска држава. Европската унија разгледува тарифи и санкции за Израел. Собранието овој месец усвои необврзувачка резолуција со која го повикува Израел да се посвети на независна палестинска нација, за која Нетанјаху рече дека е неуспешна.

Меѓународниот кривичен суд исто така издаде налог за апсење со кој го обвинува Нетанјаху за злосторства против човештвото, што тој го негира. А највисокиот суд на ОН го разгледува тврдењето на Јужна Африка дека Израел извршил геноцид во Газа, што енергично го побива.

Во таа позадина, Нетанјаху  застрана зад говорницата во ОН, што беше дочекано со бројни свирежи, измешани со аплауз и извици, а потоа протест во форма на напуштање на салата во кој учествувале „десетици“ делегати. Претседавачот постојано ја предупредуваше толпата да „остане мирни“.

На почетокот од својот говор, Нетанјаху им се обрати на заложниците кои останаа во Газа.

„Семејствата на нашите драги заложници тагуваат во темниците на Газа“, рече тој, пред да премине на дискусија за заканата од Иран и неговите посредници.

„Минатата година стоев на оваа говорница и ја покажав оваа мапа. Таа го покажува проклетството на иранската терористичка оска. Оваа оска го загрозува мирот на целиот свет“.

Тој покажа мапа што покажува „како стојат работите денес“.

„Половина од Хутите се исчезнати. Хасан Насралах во Либан е исчезнат. Режимот на Асад во Сирија е исчезнат“, рече тој. Тој, исто така, ја спомена „милицијата во Ирак“ и рече дека ако нивните водачи го нападнат Израел, тие исто така ќе исчезнат.

Кога повторно се осврна на заложниците, имено на 7 октомври 2023 година, кога Хамас го нападна Израел, тој рече дека тие не се заборавени и дека Израел нема да се смири додека не ги врати сите дома.Нетанјаху, објави Скај њуз, рече дека Израел успеал да врати 207 од нив дома, додавајќи дека 20 од 48-те преостанати во Газа се уште се живи.

Бенјамин Нетанјаху додаде дека, благодарение на израелските разузнавачки служби, овој говор сега е во живо на секој мобилен телефон во Газа:

„Положете го оружјето, ослободете ги сите 48 заложници. Ако го сторите тоа, ќе преживеете. Ако не го сторите тоа, Израел ќе ве гони.“

Израелскиот премиер ги обвини светските лидери дека попуштиле во својата поддршка за Израел по 7 октомври 2023 година, „под притисок од пристрасни медиуми, радикални исламистички гласачи и антисемитски толпи“. Тој, исто така, додаде дека Израел води „војна на седум фронта против варварството“.

„Зачудувачки е што додека ние се бориме против терористи кои убија многу ваши граѓани, вие се борите против нас“, рече тој.

Тој, исто така, се осврна на „12-дневната војна со Иран“ и му испрати порака на Доналд Трамп.

„Сакам да му се заблагодарам за неговата храбра и решителна акција. Претседателот Трамп и јас ветивме дека ќе го спречиме Иран да развива нуклеарно оружје и го одржавме тоа ветување. Отстрануваме егзистенцијална закана за Израел и смртна закана за цивилизираниот свет.“

Вратата кон мирот со Сирија и Либан е отворена, вели Нетанјаху, но предупредува дека до евентуално примирје, ќе ги преземе сите потребни мерки за одбрана.

„Денес започнавме сериозни преговори со новата сириска влада“, откри тој и додаде:

„Ако Либан преземе вистински и одржливи мерки за разоружување на Хезболах, сигурен сум дека можеме да постигнеме одржлив мир.“

Тој го нарече признавањето на палестинската држава „чиста лудост“, а како реакција на одлуките на земји како Франција и Велика Британија, кои го сторија тоа, го нарече „национално самоубиство“ за Израел.

„Тоа е чиста лудост и ние нема да го прифатиме тоа“, рече тој.