Несреќа во Хрватска: Рампа на траект во Мали Лошињ приклештила морнари, има мртви


Во Мали Лошињ, Хрватска попладнево се случила тешка несреќа со фериботот „Ластово“. Има мртви, јавија хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, загинале тројца морнари, а еден е тешко повреден. Полицијата и брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата, но немало начин да ги спасат несреќните морнари. Станува збор за траект кој во 16 часот требало да исплови кон Задар.

Според неофицијални информации, паднала влезната рампа на траектот „Ластово“ при што биле заробени тројца морнари од „Јадролинија“, пишува Јутарњи.

Од полицијата информираат дека загинале двајца морнари на „Јадролинија“, а еден е тешко повреден. Подоцна медиумите пренесоа дека има три жртви. Несреќата се случила околу 15 часот и 30 минути на пристаништето на траектот во Мали Лошињ, кога паднала влезната рампа на траектот „Ластово“ и ги заробила морнарите на „Јадролинија“.

Како што пишуваат хрватските медиуми траектот „Ластово“ за локални линии е класифициран како ро-ро патнички брод. Изграден е во 1969 година во Јапонија за јапонски купувач, каде што пловел под името Ишизучи, стои на веб-страницата на „Јадролинија“.

Во 1978 година, бродот стана дел од флотата на „Јадролинија“. Најчесто плови по линиите низ Сплит. Станува збор за брод со должина од 72,7 метри, ширина од 13,7 метри и провев од 13,7 метри.

Како што пишува Јутарњи, рампата тежи најмалку 10 тони.

„Со голема тага мораме да соопштиме дека денеска во пристаништето Мали Лошињ се случи несреќа во која според првичните информации загинаа двајца јадролински морнари од бродот ‘Ластово’, додека еден е тешко повреден. Бродот ‘Ластово’ одржува државната ферибота линија Задар (Гаженица) – Ист – Олиб – Силба – Премуда – Мали Лошињ и во моментот на несреќата бродот беше врзан во Мали Лошињ Изразуваме искрено сочувство до семејствата на жртвите, длабоко е Јадролинија потресен од овој немил настан“, се вели во соопштението на „Јадролинија“.