Нермин Сулејмановиќ бил во конфликт со своите жртви – ги убил од одмазда
Нермин Сулејмановиќ кој уби три лица, рани три, а потоа се самоуби, на граѓаните им е познат по неговото однесување од порано..
Со оние кои ги уби, особено таткото и синот, како што дознаваа KLix.ba, бил во конфликт.
На улиците на Градачац владее молк и тишина, особено во локалитетите каде Сулејмановиќ изврши три брутални убиства и рани исто толку луѓе. Како што е познато, тој го започна својот бруталел поход во викендица, каде ја убил сопругата пред очите на јавноста.
Убиството го пренесуваше преку социјалната мрежа Инстаграм.

Според досегашните информации од истрагата, тој потоа влегол во својот автомобил, упатувајќи се кон центарот на Градачац, со намера да продолжи со својата, што подоцна ќе се покаже, крвава одмазда. Застанал во близина на ресторан, по што со неколку истрели од пиштол тешко ранил млад човек. Тој 23-годишник починал во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, каде лекарите се обиделе да го реанимираат.
„Сè се случи за неколку моменти. Излегов од мојот објект да услужам муштерија, по што тој пристигна со автомобил. Многу брзо испука два куршуми во правец на човек кој беше во друг автомобил, по што се оддалечи“, вели еден од очевидците. Потоа, Сулејмановиќ заминал на друга локација каде убил уште едно машко лице, за коие беше утврдено дека е татко на човекот што претходно го убил во автомобил во близина на ресторанот.
„Од претходно се во конфликт. Започнаа некаков заеднички бизнис во кој не успеаја, имаа несогласувања. Дополнително ги продлабочија несогласувањата што ги имаа во приватниот живот, а тоа е всушност еден вид на негова одмазда“, вели тој.
По тројното убиство, рани и три лица, од кои едното полицаец. Сулејмановиќ се оддалечил од градот и се самоубил во локалитет на населбата Леденице. Некое време пред тоа тој во живо разговараше со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, поради што на многумина уште повеќе им замрзна крвта во вените.
Граѓаните на Градачац сè уште се во шок и неверување, а од редакцијата Klix.ba успеавле да поразговараат со уште еден средовечен маж.
„Не го познавав лично Сулејмановиќ, но можам да кажам дека неговото однесување беше непримерно, според она што го видов на градските улици. Сите бевме многу вознемирени во текот на денот. Ќе треба време да се смириме“, посочува тој.
Министерот за внатрешни работи Т.К. Хајрудин Механовиќ изјави дека според досегашната истрага било утврдено дека Сулејмановиќ од одмазда целно убивал луѓе.

„Ова е еден од најтешките денови за Градачац во контекст на неговата безбедност, но и во контекст на сложеноста на работата на полицијата. Ги ставивме на располагање сите наши ресурси, а крајниот резултат е три убиства и едно самоубиство, со ранување на три лица“, вели Механовиќ. Како што рече, Сулејмановиќ веќе ѝ бил познат на полицијата по своето криминално и општествено неприфатливо однесување.
„Истрагата ќе покаже какви врски постоеле меѓу лицата што ги убил, со исклучок на полицаецот кој бил ранет за време на службената должност. Исто така, досега е утврдено дека немал дозвола за оружјето што го поседувал, поради неговото претходно однесување“, нагласува министерот на полицијата.
Тој наведува дека во потера против Сулејмановиќ биле вклучени и други полициски агенции, меѓу кои и окружната полиција Брчко, СИПА, ОСА, ФУП и МУП на Република Српска.
Сулејмановиќ се самоубил во моментот кога полицијата го опколила, а ова е официјално потврдено. Во моментов во болницата има две повредени лица и тоа маж и жена. Како што потврдија од Универзитетскиот клинички центар во Тузла, жената е во тешка состојба и лекарите се борат за нејзиниот живот, додека мажот е стабилен.