Неодамна ја навреди, но сега ѝ честита: Трамп за свршувачката на Тејлор Свифт

Доналд Трамп, претседателот на САД кој со месеци отворено ја критикува Тејлор Свифт на социјалните мрежи, сега изненади со промена на својата приказна. Само неколку часа откако Тејлор Свифт и ѕвездата на НФЛ, Тревис Келси, ја објавија својата свршувачка, од Трамп беше побаран коментар на состанокот на кабинетот.
„Им посакувам многу среќа. Тој е одличен играч и мислам дека е одличен човек, а таа е одлична личност. Им посакувам се најдобро“, рече Трамп.
President Trump on Taylor Swift and Travis Kelce engagement: “I wish them a lot of luck. I think he’s a great player. I think he’s a great guy and I think that she’s a terrific person, so I wish them a lot of luck.” pic.twitter.com/xMd8wgMTZW
— CSPAN (@cspan) August 26, 2025
Изјавата беше изненадување за многумина, со оглед на тоа што во текот на летото тој напиша на својата платформа Truth Social: „Дали некој забележа дека откако реков „ЈА МРАЗАМ ТЕЈЛОР СВИФТ“, таа повеќе не е „ЖЕШКА (HOT, заб.)“?“
Свифт и Келси ја објавија својата свршувачка во заедничка објава на Инстаграм. Тие споделија романтични фотографии со натпис: „Твојата професорка по англиски јазик и твојата професор по физичко се венчаваат“. Тие брзо предизвикаа реакција од обожавателите ширум светот, особено откако двојката за прв пат се појави заедно во јавност во октомври 2023 година.
Трамп често беше во конфликт со Свифт, особено откако таа јавно ја поддржа Камала Харис за претседател во септември 2024 година. Свифт во тоа време рече: „Верувам дека ни треба лидер кој ќе донесе мир, а не хаос. Камала Харис е борец за правата и вредностите во кои верувам и затоа мојот глас ќе биде за неа и Тим Волц“.
Трамп потоа одговори на Фокс и пријателите, велејќи дека има повисоко мислење за Британи Махоум, сопругата на Патрик Махоум, соиграчот на Келси и квотербекот на Канзас Сити Чифс: „Всушност, Британи повеќе ми се допаѓа. Таа е голем обожавател на Трамп. Тејлор отсекогаш била либерална и ги поддржувала демократите. Мислам дека тоа ќе ја чини на пазарот“.
Трамп, исто така, ја критикуваше Свифт по Супербоул во февруари 2024 година, кога беше исвиркана на стадионот. Тој напиша на социјалните мрежи: „Единствената на која ѝ беше потешко од Канзас Сити Чифс беше Тејлор Свифт. ЈА ИСПУКАА ОД СТАДИОНОТ! МАГА не простува!“
Но, сега, се чини, Трамп го менува својот пристап. Додека социјалните мрежи беа преплавени со честитки и реакции на обожавателите за свршувачката, претседателот одлучи да покаже поинаква, попомирувачка страна.
Свршувачката на Свифт и Келси се случи малку повеќе од еден месец пред објавувањето на нејзиниот нов, дванаесетти албум, „Животот на една шоудевојка“, кој ќе ја види светлината на денот на 3 октомври.