Ненадејно почина Сашо Пижевски – Пиже, дел од култните “Хавана бенд“
На 57 години ненадејно почина Сажо Пижевски – Пиже, поранешен член на култниот „Хавана бенд“ и скопски урбан лик. Пиже ќе остане запаметен по хитовите „Шток ми бејби“, „Дај ми, жити сè“, „Нема спас“, кои ги изведуваше заедно со Игор Џамбазоц и Горан Aтанасов Зеко.
По распаѓањето на „Хавана бенд“ тој се посвети на угостителскиот бизнис, а повремено учествуваше во некои музички проекти.
Изминатите години тој беше сопственик на порталот „Мајка ти и татко ти“, но во последно време се ангажира на повторното обединување на „Хавана бенд“ и нивниот хит „Балада за мајка ти и татко ти“ кој го направи во соработка со Александар Митевски.
Пријателите и јавноста со неверување се простуваат од Пише кој пред само неколку часа објави фотографија на Фејсбук и се потсети на кафеанска седенка со Зеко.
Меѓу првите што се простија од Пиже беше неговиот долгогодишен другар и пријател Игор Џамбазов.
„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скијатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: ‘Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив’.
Довидување, другар мој.
И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го.
Тага. Збогум брате…“, сподели Џамбазов на социјалните мрежи.