Нема повеќе „количиња“ зад Участакот во Прилеп – детско игралиште е планирано со унгарските пари

Локалната самоуправа на Општина Прилеп е подготвена за реализација на нови капитални проекти, кои треба да ги реализира со парите од вториот повик на Владата за унгарскиот кредит.
Во рамките на Јавниот повик објавен од Министерството за локална самоуправа, поднеле 11 значајни проекти, кои ќе бидат финансирани со поддршка на Владата. Ова се проекти од витално значење за сите граѓани, а нивната реализација ќе значи поквалитетен живот, подобра инфраструктура и современи урбани решенија, сметаат од Општината.
– Реконструкција на дел од плоштад „Методија Андонов-Ченто“ (пред хотел „Скопје“) и поставување на урбана опрема
– Изградба на мост на ул. „Победа“ над река Оревоечка
– Реконструкција на ул. „Орде Чопела“ – влез на градот од Македонски Брод
– Комплетна реконструкција, вклучително со електротехника, на улицата „Трајко Николоски“
– Изградба на ново детско игралиште во центарот на градот (позади Участакот)
– Изградба на ново детско игралиште на улицата „Борка Талески“ во населбата Типски
– Изградба на водоснабдителен систем во село Лениште
– Реконструкција на главен потисен цевковод за водоснабдување на Индустриската зона и комплексот на манастирот „Св. Димитрија“ во село Селце
– Изградба на фотонапонска централа која се поставува на објекти (на Пречистителната станица)
– Интеграција на дистрибуирани локации од водоснабдителен систем на град Прилеп во постоечки SCADA систем и интеграција со ГИС систем
– Проект за промена на водоводна мрежа од јазол на Бул. “Гоце Делчев” со улица “Кузман Јосифоски” (бр. 1-55) до јазол на улица “Кузман Јосифоски” со ул. “Ленин” (бр. 1-72) – фаза Хидротехника
Дополнително, во завршна фаза е и подготовката за уште еден капитален проект – Обиколница – Исток (од Сивец до А1), кој е во постапка за добивање на одобрение за градба.