Недостигот од критични минерали го активира државниот капитал на Запад, Иловица и понатаму чека
Геополитичката конкуренција за критични минерали ги принудува западните држави да преземаат сè поактивна улога во финансирањето на рударскиот сектор.
Американскиот Центар за стратегии за критични минерали предупредува дека без поголема државна финансиска поддршка, западните земји ќе продолжат да зависат од Кина за материјали кои се клучни за производство на современа технологија и опрема за одбраната.
Според последниот извештај на Центарот, недостатокот на капитал е една од причините поради кои дел од проектите за критични минерали не можат да напредуваат со потребната динамика. Затоа се бара владите да го зголемат јавниот капитал насочен кон ископ и преработка.
Во Македонија, меѓутоа, сè уште стои неискористен и приватен инвестициски потенцијал. Иловица, како проект за производство на бакар, останува во застој и покрај тоа што приватен инвеститор има најавено капитал за реализација.
Во услови кога критичните минерали стануваат дел од националните стратегии за економска и безбедносна отпорност, не искористувањето на ваквиот потенцијал може да значи пропуштена можност за вклучување на Македонија во новите европски и глобални синџири на снабдување.
„Стратешката важност на критичните минерали повеќе не е тема за дискусија. Иницијативите низ западниот свет и последователните изјави на лидерите на Г7 отидоа многу подалеку од препознавањето на предизвикот за склопување на нови партнерства, сојузи и механизми за финансирање. Но, на крајот на краиштата, оваа геополитичка трка за ресурси со висок ризик нема да се добие само преку соопштенија или нови институции. Ќе ја добијат земјите кои ќе можат да мобилизираат капитал со брзината и обемот потребен за да се префрлат стратешки важните проекти во производство и да се поврзат со отпорни синџири на снабдување во производството“, се истакнува во Извештајот.
Претходно, повеќе домашни експерти повикаа Македонија да фати приклучок во трката закритични минерали во соработка со западните партнери и да го искористи својот ресурсен потенцијал. Токму во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години. Но, за разлика од апелот на Центарот за стратегии за критични минерали со јавни средства да се поттикнуваат инвестиции, за овој проект веќе е обезбеден приватен капитал и првата фаза за изградба на рударскиот комплекс би тежела 340 милиони евра.
Дополнително, станува збор и за стотици вработувања, а во текот на целиот период од оперативното работење ќе се исплаќаат и околу 75 милиони евра секоја година на повеќе локални и регионални компании кои се занимаваат со угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, текстилна, хемиска и дрвена индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање.
Инаку, како што се додава во Извештајот, голем предизвик на Западот е што не постои доволна количина на бакарен концентрат за топилниците.
„Иако некои рударски компании поседуваат интегрирани операции за топење и рафинирање, многу рударски компании се потпираат на независни топилници и рафинерии за претворање на бакарниот концентрат во рафинирани бакарни катоди.
Овие независни операции работат според бизнис модел на наплата, каде што приходите се генерираат преку надоместоци за третман и рафинирање. Брзата експанзија на глобалните капацитети за топење – особено во Кина – го надмина растот на снабдувањето со бакарен концентрат, оставајќи ги топилниците да се натпреваруваат за ограничена суровина“, истакнува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.
Во текстот се додава дека Кина помеѓу 2001 и 2023 година распределила приближно 98 милијарди долари за финансирање на проекти за критични минерални проекти, помагајќи им на кинеските фирми да обезбедат удели во стратешки средства и долгорочен пристап до суровини. Според Центарот, резултатот од овие активности е застрашувачки степен на доминација на пазарот.
Основниот заклучок на извештајот е дека ниту една влада, институција или приватен инвеститор не може да го финансира целиот процес на истражување, развој, преработка и производство потребен за создавање на отпорни синџири на снабдување, независни од Кина. Меѓународната агенција за енергетика проценува дека ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови критични минерали, врз основа на наведените политички цели.
*Комерцијален текст