НБА ѕвездите ќе изгубат милиони доколку не се вакцинираат: Познати точните бројки за двајца играчи


Од НБА лигата, неодамна стигна потврда дека околу 90 проценти од играчите биле вакцинирани, што е голем плус. Меѓутоа има и кои уште не го направиле тоа.

Меѓу нив има двајца играчи – Кајри Ирвинг (Бруклин) и Ендрју Вигинс (Голден Стејт). Дополнителен проблем за нив е што е воведена задолжителна вакцинација во Њујорк и Сан Франциско, што значи дека нема да можат да играат натпревари дома доколку не се вакцинираат. 

„Ако не го направат тоа, Ирвинг ќе загуби 17,5 милиони долари, а Вигинс 15,8 милиони“, напиша Томи Бер, новинар на Форбс. 

Тој се повика на твитот на новинарот на „Атлетик“, Шамс Чаранија, кој потврди дека оние играчи кои не ги почитуваат протоколите на државите за вакцинација нема да бидат платени за натпреварите што не ги играат. 

Вигинс се обиде да побегне, побара изземање врз основа на верските убедувања и неговото барање беше одбиено. Ирвинг, од друга страна, не беше дел од официјалната прес -конференција на клубот поради тоа, а неговиот агент откри дека Кајри ќе се пензионира доколку Нетси го разменат. За разлика од нив, Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, откри дека е вакциниран. “Сите знаете дека на почетокот бев против вакцинација. Меѓутоа, направив сериозни истражувања во меѓувреме, читав многу и сфатив дека грешам. И јас и моето семејство сме вакцинирани”, рече Леброн.