Наум Петрески и Зуица Лазова се победници на Фолк вечерта на Охрид Фест


Синоќа во Охрид се одржа Фолк вечерта на популарниот музички фестивал Охрид фест – Охридски трубадури.

На 29-то издание на фестивалот се отпеаа 16 нови фолк песни, а првата награда од стручното жири ја освои Наум Петрески со песната ,,Не се откажав”. Второнаградени од жири се групата ,,Академци”, а пак на трето место заврши Кирил Белистојановски.

Благица Павловска меѓу настапувачите

Сопругата на Наум, фолк пејачката Зуица Лазова е првонаградена од публика, со песната ,,Да ме носиш в Охрид”. Второто место од публика од освои Петар Нечовски, а третото Милован Секуловски и групата ,,Ишарет”.

Вечерва во Охрид ќе се одржи и втората, Интернационална вечер на фестивалот. Најавено е учество на голем број на балкански музички ѕвезди, межу нив и Владо Калембер.

Водителката Марјана Станојковска и композиторот Григор Копров, прв човек на фестивалот