Научници и интелектуалци бараат комплетно затворање – би го платиле богатите?!


 

Група научници и интелектуалци бараат невидено затоврање – тоа ги подразбира сите канцеларии, фабрики и продавници.

Целта е велат, вирусот потполно да се искорени затоа што досегашните мерки не дале резултат, пишува Дојче веле и поставува прашaње, колку е тоа реално?

Германија е во најстрог локдаун од почетокот на пандемијата, а планира дополнително заострување на мерките. Приватните средби се речиси сосема забранети, продавниците затворени освен ониe за основно снабдување. Слично е ширум Европа.

Но, тоа не е доволно, тврди иницијативата ЗероКовид. Во четвртокот голем број научници, лекари и интелектуалци, повеќето од Германија, објавиja апел во кој се бара „солидарна пауза“ на комплетниот живот „на неколку седмици“.

Авторите пишуваат дека пропаднала тактиката за израмнување на пандемиската крива, дека мерките се малодушни затоа што ги ограничуваат луѓето и нивното слободно време, но не ја пипаат економијата. Место тоа, предлагаат, бројот на заразени треба да се сведе на нула со потполно замрзнување на сите активности во Европската Унија.

Меѓу заговорниците на апелот има и многу влијателни луѓе, како физичарот Михаел Маер-Херман. Тој развива статистички модели на епидемијата и спаѓа во најважните советници на канцеларката Ангела Меркел во текот на кризата.

Дејвид Шритесе од иницијативата ЗероКовид вели дека политиката досега воведуваше ограничувања од кои повеќето се однесуваа на приватниот живот, но дека „комплетно ги игнорирала“ контактите на работното место, во фабричките погони и продавниците.

„Проблематично е што од луѓето се бара да умрат за добробит на економијата. Луѓето и понатаму одат на работа. И понатаму треба да одат да купуваат. Но, вирусот не разликува семејни собири од средби во канцеларија“, вели Шритесер за ДВ.

Шритесер, инаку математичар од Универзитетот во Винеа, вели дека здравствените системи се на граница и дека може да стане уште полошо поради мутациите на вирусот кој брзо се шири.

Познатиот бонски вирусолог Хендрик Штрек ја нарече потполно нереална идејата дека вирусот ќе се искорени. Тој вели дека е невозможно да се прекинат сите контакти – макар во семејствата или во здравствениот сектор неизбежно е здрави луѓе да се сретнуваат со заразени.

Наспроти потписниците на ЗероКовид, Штрек верува дека политиката грешела затоа што, воведувајќи мерки, користеше чекан место скалпел. Вели, потребни се мерки органичени и со цел, за да се зачува што повеќе од општествениот и економскиот живот. Колатералните жртви на локдаунот се големи, но сè уште недоволно истражени, вели Штрек.

Математичарот Шритесер, заговорник на ЗероКовид, на прашањето од што би живееле луѓето и кој би го платил комплетното затворање на економијата одговара дека во оптек се „гигантски суми пари, но во погрешни раце“.

Тој смета дека има многу богати компании и многу богати луѓе, кои не придонесуваат колку што би требало.

„Мислам дека е јасно како ова може да се финансира: потребни се повисоки даноци за многу богатите и потребно е даночење на компаниите како Амазон“, вели Шритесер.