Научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“ во МАНУ

Во организација на Одделението за лингвистика и литературна наука при Македонската академија на науките и уметностите и Советот за македонски јазик, денеска во МАНУ во 10 часот ќе се одржи научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“.
Учесниците на трибината ќе зборуваат за статусот на македонскиот јазик од аспект на неговата употреба во наставата, медиумите и јавната комуникација, како и за дијалектите, топонимите и терминологијата.
Воедно, како што соопштија од МАНУ, ќе се осврнат и на континуитетот во развојот на македонскиот јазик, неговиот развој во ера на засилена глобализација, како и за интеграцијата на земјава во правниот мултилингвизам на Европската Унија.