НАТО се засилува во Источна Европа
Чешката влада денеска одобри праќање 650 војници во соседна Словачка за да го зајакне источното крило на НАТО, соопшти министерството за одбрана.
Таму треба да се распоредени до 30 јуни 2023 година, но одлуката мора да ја потврди парламентот, во кој владата има големо мнозинство.
Околу 50 од планираните 650 војници ќе подигнат и ќе водат хуманитарен центар за бегалци од Украина.
Порано денеска словачката влада одобри прифаќање 2.100 странски војници во борбената група, меѓу кои 200 од Холандија, 100 од Посла и Словенија, до 400 од САД и 700 од Германија.
Вооружувањето на борбените групи вклучува и противвоздушен одбранбен состав „Патриот“ и радарски систем „Сентинел“.
Доаѓањето на странските војници мора да ги одобри парламентот, во кој владата како и во Чешка, има уверливо мнозинство.
НАТО настојува да ја зајакне својата присутност во источноевропските членки Словачка, Унгарија, Романија и Полска, кои граничат со Украина.