НАТО министрите за одбрана в среда ќе разговараат за руската инвазија на Украина
Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина, соопшти турското Министерство за одбрана.
Во соопштението се вели дека турскиот министер за одбрана Хулуси Акар ќе отпатува за Брисел за да учествува на состаноците и ќе има билатерални разговори со своите колеги.
Претставници на Белата куќа разговараат исто така за можноста американскиот претседател Џо Бајден да отпатува во Европа во наредните недели за да разговара со сојузниците за Русија и Украина, изјави денеска извор запознат со ситуацијата за западни медиумми.
Не е сигурно дали патувањето ќе се оствари бидејќи плановите се уште не се финализирани, додаде изворот. Белата куќа одби да коментира.