НАТО ќе го скрати самитот на лидерите на само една сесија за Трамп да не си замине

Весникот „Фајненшл тајмс“ штотуку објави дека НАТО ги променил плановите за самитот во Хаг на 24 јуни и ќе го намали од три дена на… само „една работна сесија од два и пол часа меѓу 32-цата лидери“ за да „се осигури дека на Трамп нема да му здодее и да замине предвреме“. Трамп го напушти самитот на Г7 во Канада предвреме за да се врати во Вашингтон.
„Целата поента е да се направи што е можно помал и пофокусиран“, рече еден од функционерите. „Со што е можно помалку простор за нарушување“.