НАСА објави снимка како изгледа панорамата на Марс
Лабораторијата на американската вселенска агенција НАСА, објави видео од панорамата на Марс, со која го одбележува деветгодишното истражување на роверот „Curiosity“ („Љубопитност“).
Сликите на карпи и камчиња и заоблени ридови ги воодушевуваат научниците додека роверот на НАСА се искачува на планината Шарп, висока осум километри во басенот на Марс, широк 154 километри.
Абигејл Фримен од лабораторијата на НАСА во Јужна Калифорнија, објасни дека роверот проучувал дали светот на микробите можел да преживее на Марс, создаден во далечното минато, кога во кратерот „Гејл“ имало езера и подземни води.
Видеото ја прикажува внатрешноста на кратерот, како и локациите каде „Кјуриозити“ се движел, во последните девет години. Видеото е доказ дека во текот на зимскиот ден, нема прашина во воздухот, видливоста е до 30 километри.
Научниците се надеваат дека ќе дознаат повеќе за тоа како Марс останал без вода и колку време било потребно за да стане сува пустинска планета.