НАСА објави ново видео од панорамата на Марс
НАСА објави панорамско видео со кое одбележува 10 години од истражувањето на Марс со помош на роверот „Кјуриозити“.
Видеото ја прикажува внатрешноста на кратерот Гала, како и локациите на кои престојувал роверот Curiosity и каде се движел. Исто така, видеото е доказ дека во текот на зимскиот ден без прашина во воздухот видливоста е одлична дури и на повеќе од 30 километри.
Панорамското видео го покажува патувањето на „Кјуриозити“ до Моунт Шарп. Научниците се надеваат дека ќе дознаат повеќе информации за тоа како Марс останал без вода и колку време било потребно за да стане како пустина.