НАСА фотографираше можна локација на Месечината за слетување на мисијата Артемида III


Американската вселенска агенција НАСА, поточно нејзиниот Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO), фотографираше можна локација за слетување на астронаутите на Месечината во мисијата Артемида III, која е дел од програмата Артемис.


LRO беше лансиран во јуни 2009 година и обезбедува поглед на Месечината од тогаш. Сондата има седум инструменти, вклучително и LRO Camera (LROC), која прави црно-бели фотографии со висока резолуција од површината на Месечината.

На 3 март, орбитерот LRO прелета над кратерот Шеклтон во близина на лунарниот јужен пол и направи фотографија на која делумно се гледа регионот на Малаперт Масив. Малаперт е потенцијално место за слетување на мисијата Артемида III на НАСА, во која екипаж ќе стапне на површината на Месечината во 2025 година, за прв пат од 1972 година.

На фотографијата целосната панорама го прикажува врвот од 5.000 метри со темна, порамна површина. Ова е една од потенцијалните дестинации на мисијата Артемида III. Релативно блиску и визуелно различен од неговиот повисок сосед, а има карпа висока 3.500 метри.

„Може да се каже дека само големината го прави овој регион главен кандидат за мисијата Артемида III“, рече истражувачот Марк Робинсон од Државниот универзитет во Аризона.

Научниците на НАСА го избраа јужниот поларен регион за да ги вратат луѓето на Месечината поради изобилството на воден мраз. Тој мраз е вреден ресурс за идните истражувачи на Месечината, може да се користи за производство на ракетно гориво, течности за ладење или само вода што го одржува животот.

Преку својата програма Артемис, НАСА се надева дека ќе воспостави долгорочно присуство на Месечината што ќе служи како „отскочна даска“ за идните мисии и патувањата со екипаж на Марс. Мисијата Артемида I, која ја лансираше ракетата SLS и беспилотната капсула Орион на пат околу Месечината, беше лансирана во ноември минатата година, а патувањето до орбитата на Месечината и назад траеше 25 дена. Мисијата Артемида II ќе биде лансирана во ноември следната година, а четворица астронаути во вселенското летало Орион поставени на врвот на ракетата SLS ќе тргнат на десетдневен лет околу Месечината и назад. Потоа, во декември 2025 година, ќе следи мисијата Артемида III, во која за прв пат меѓу четворицата астронаути има жена, ќе тргнат на пат кон Месечината.