Наркодилер од Грчец им бегал на „тигрите“ со четирицикл, но бил фатен и лишен од слобода


Фото: Б. Грданоски

Наркодилерот Иљаз Муареми од село Грчец, баран со меѓународна потерница денеска бил лишен од слобода, информираат во Министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници, во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во село Грчец, скопско, го лишија од слобода Иљаз Муареми (45) од село Грчец, баран со меѓународна потерница по наредба на ОЈО за ГОКК, а во врска со член 215 од КЗ на РСМ со определена мерка притвор во траење од 30 дена“, наведено е во информацијата од МВР.

Муареми, кој бил со четирицикл, се обидел да избега и притоа удрил во службено возило на МВР, но набргу бил совладан од полициски службеници и лишен од слобода.

„Кај него е пронајден и одземен пиштол „валтер“ и рамка со 15 куршуми. И.М. ќе биде предаден на надлежното обвинителство“, се додава во соопштението на МВР.