Нарекувањето на студентите „орда“ беше поттик за блокадата на зградата на РТС во Белград

Водителот на РТС во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече орда студентите кои со месеци мирно протестираат.
Ова беше причина студентите да ги блокираат влезовите на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, а тоа беше проследено со полициска бруталност.
Во еден дел од гостувањето на РТС, Вучиќ праша зошто протестот што ќе се одржи на 15 март не е закажан пред Палатата Србија или на некое друго место. Потоа се осврна на тоа дека веќе неколку дена кампуваат пред Претседателството на Србија, барајќи прекин на блокадите на факултетите. Станува збор за многу помала група на луѓе кои ја поддржуваат владата, и самата влада, и кои се претставуваат како студенти, иако повеќето од нив не се.
https://twitter.com/StarcebicG/status/1899227755457155326?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1899227755457155326%7Ctwgr%5E26aa68857b4add0a71bd3f52cd5ec4304a5a886d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fvijesti%2Fbih%2Fnazivanje-studenata-ruljom-bio-je-okidac-da-se-blokira-zgrada-rts-a-u-beogradu%2F250311007
„Но, таму не успеаја, па можеа физички да загрозат некого. Тогаш прашуваш „зошто некој не ги отстранува оние што се само легално таму и кои никому не му пречат“. Никому не му го попречија патот, никому не стапнаа на жул“, на што водителката на РТС одговори со „точно“, а потоа рече: „Не треба да сметаме на добра волја на ордата (руља)“.
Токму оваа изјава на новинарот на РТС беше поттик за ненадејната акција на студентите, кои вечерва во 22 часот ја блокираа зградата на РТС, односно влезовите на јавниот сервис, пренесува НоваС.
Дополнително, исечоците од разговорот со Вучиќ, каде погрдно се изразуваат за студентите, кои луѓето вчера ги постираа на „X“, утрово се недостапни, односно избришани се од социјланата мрежа.