Намамиле трудница во стан во Чикаго, ја убиле и ѝ го извадиле бебето


САД– Бебе насилно исечено од утробата на мајката во април во Чикаго е добро и повеќе не му требаат апарати за дишење.
Имено, Џовани Лопез, сега веќе момче старо шест недели, однеодамна дише само, без помош на болничките апарати.
„Се уште е долга борба пред детето, но бебето се бори за опстанок“, изјави пред новинарите адвокатот на семејството  на убиената 19-годишна МАрлен Очоа -Лопез.
Мајката на Џовани бруталн е убиена во април. Таа била бремена во последниот месец кога добила понуда преку Фејсбук да дојде по облека подарена за детето, пишува Фокс.
Во стан во Чикаго ја дочекале 46-годишната Клариса Фигуроа и нејзината ќерка 24-годишната Дизајр. Ја задавила Мерлен со кабел, а потоа Клариса од стомакот ѝ го исекла бебето и повикала итна помош.
Пријавила дека само што родила, но дека бебето не дише. Момчето е пренесено во болница, а лекарите во прв момент рекле дека детето е во тешка состојба и дека не се оптимистични. Болницата не ја известила полицијата.
Семејниот адвокат изјавил дека тие се загрижени што Клариса подолго се преправала дека е мајка на бебето, а болницата сепак не ја известила полицијата за тоа што се случило.
Полицијата во Чикаго соопшти дека од болницата не им се јавиле за пациентка која тврдела дека се породила, а со гинеколошки преглед е утврдено дека не била трудна.
Телото на Марлен Очоа – Лопез пронајдено е фрлено во канта за ѓубре зад семејната куќа на монтрумите по повеќе од две недели. полицијата успеа да ги фати осомничените врз основа на информации од семејството на Очоа-Лопез, според последните објави на фејсбук.
Шефот на полицијата во Чикаго, Еди Џонсон, вели дека јавноста е згрозена од бруталното убиство и начинот на кој семејството се обидело да дојде до детето на 19-годишната мајка.
„Семејството пак, што требаше да го слави раѓањето на детето, е во тага поради смртта на мајката“,  вели Џонсон.
Клариса Фигуера и нејзината ќерка се соочени со обвиненија за убиство од прв степен, а момчето на Клариса, 40-годишниот Пјотр Бобак, обвинет е за прикривање на убиство, соопшти полицијата.