Намален бројот на основци и средношколци во Македонија

На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180.627 ученици, што е намалување за 0,8 проценти во однос на претходната учебна година.
Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, намалување од 0,2 отсто има и на бројот на средношколци во оваа споредено со претходната учебна година.
На почетокот на 2024/2025 година, во средните училишта имало 67.143 ученици.
Во објавата на ДЗС се содржани податоци за број на училишта и паралелки, застапеност на ученици според пол и возраст, број на наставници, број на ученици во специјални и во верски училишта итн.