Најскапиот автомобил продаден во 2020 година е стар 87 години


Аукциската куќа „Гудинг и компани“ минатата година ги продаде најскапите автомобили во вредност од 125 милиони долари, од кои повеќето се стари модели.

Највисока цена достигна 1934 Bugatti Type 59 Sports, за дури 12.681.550 долари, што сепак е милион помалку од проценката на продавачот.

Во прашање е спортски автомобил на францускиот производител кој дебитираше во 1922 година, а во следните години со солиден успех учествуваше на различни европски гранд при трки. Овој автомобил конкретно триумфираше на патеката „Спа“ во Белгија, додека на трката во Монако беше трет.

Потоа, 1934 Bugatti Type 59 Sports, обоен е во црно и пуштен во продажба. Негов прв купувач е кралот Леополд III, а подоцна возилото заврши во посед на уште четворица колекционери кои се најодговорни за тоа што овој тркачки автомобил е во така добра состојба.

Во видеото може да видите како 1934 Bugatti Type 59 Sports и понатаму лета по патот, но и да дознаете уште занимливости за автомобилот кој е продаден по највисока цена во 2020 година.