Најпознатиот руски крипто-милионер загина во страшна несреќа: Банкноти летаа по патот додека Ламборџинито гореше (Видео)


Алексеј Долгих (36), еден од најпознатите крипто трговци во Русија, загина во страшна сообраќајна несреќа во Москва кога со своето Ламборџини удри во заштитна ограда, по што возилото се преврте и се запали.

Крипто милионерот Алексеј Долгих загина во сообраќајна несреќа во Москва. Тој со своето Ламборџини удрил во заштитната ограда со брзина од 145 километри на час, возилото се превртело и се запалило. Со него во автомобилот имало уште тројца патници. Долгих и еден од неговите патници починале на лице место, додека двајца други се на лекување во болница откако чудесно преживеале.

Алексеј Долгих (36) беше втор најпознат крипто трговец во Русија. Долгих наводно бил на црната листа на руските банки во последните неколку месеци поради сомневање за перење пари. Откако го купил Ламборџинито пред само 15 месеци, тој собрал вкупно 586 сообраќајни казни. Повеќето од нив биле поради пребрзо возење, објавија локалните медиуми.

Според весникот „Сан“, тој загинал во сообраќајна несреќа во Москва во неделата. Неговото „Ламборџини“ се удрил во заштитна ограда во раните утрински часови, се превртел на покривот и се запалил. Делови од автомобилот прелетале преку мостот, а купишта пари биле расфрлани по автопатот, изјавиле очевидци.

 

Крипто-милионерот, осомничен за перење пари, и еден од неговите патници, Иван Соловјов, починаа на местото на несреќата. Никита Тезиков и Кирил Мохалов беа префрлени во болница со тешки повреди, но чудесно преживеаа.

Државниот сообраќаен инспекторат потврди дека Долгих ја изгубил контролата врз возилото кога удрил во заштитна ограда, што предизвикало превртување. Голем пожар избувнал за неколку секунди. Московското обвинителство објави: „Според првичните информации, возачот на автомобилот удрил во бариера на меѓународниот автопат ноќе, по што возилото се превртело и се запалило. Двајца мажи загинале во несреќата, двајца се хоспитализирани. Причината и сите околности на несреќата се истражуваат.“